Заев: Немаме вакцини зошто сме членка на НАТО, Србија е насочена кон Кина и Русија ама и они имаат вакцини од „Фајзер“

95

Имаме непријатно чувство затоа што целиот Западен Балкан каска, освен Србија која што нема аспирации за НАТО и нормално е повеќе отворена према источниот свет Кина и Русија и ги прави своите договори. А, ние сме нова земја членка на НАТО генерално се држиме кон Западниот свет и вакцините кои што се од западните здравствени и сите институции потврдени и слично. Ова во вчерашното интервју за „Трилинг“ го зборуваше премиерот Зоран Заев.

Тој ги обвини и „Фајзер“ дека се виновни зошто Македонија сè уште нема вакцини.

Се фалираше односно не се исполнија очекувањата на произведени количини од „Фајзер“. Така да земјите кои што треба да добијат во просек не знам 100 единици добија 12-13 единици односно 12-13% во првиот турнус, во вториот исто така се намалени количините. И мене ми е разбирливо зошто премиерите и претседателите на државите не мoжат и од тие мали количини да споделат онака како што беше замислено, рече Заев.