Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција најави дека индустријата за одгледување канабис ќе биде во 10-те најголеми приоритети на земјата во новата 2021 година.
– Политиката на владата е не само да ги препорачува, туку да ги поддржува компаниите кои влегуваат во овој бизнис, кој во нашата земја отвора илјадници нови доброплатени места Искуствата на други држави како Холандија, Канада и Чешка, кажуваат дека овие земји годишно заработуваат околу 55 милијарди долари од оваа дејност, рече Заев.
Во Македонија досега се одобрени 59 лиценци од оваа дејност
– Владата е во постојана комуникација со претставниците на компаниите со цел оваа индустриска гранка да се развива согласно светските текови и европските регулативи. Маслата од канабис и други продукти влијаат позитивно на лекувањето на мултиплекс склероза, ХИВ, паркинсонова болест, епилексија и малигни заболувања, додаде претседателот на Владата.
Заев најави брзо прифаќање на измените и дополнувањата на законот за опојни дроги.
– Тоа ќе овозможи извоз, нови инвестиции и развој, како и 250 милиони евра производство во 2021, истакна Заев.
Тој најави и проширување на листа на дијагнози за медицински канабис и декриминализација и депенализација преку измена на Кривичниот законик за употреба на мали количини.
– Не е во ред да се оди во затвор за пола грам природен канабис за лична употреба. Невладините организации се во право, наведе премиерот.
Во 2021 ќе се одржи и отворена дебата за легализацијата, која треба да заврши до крај на јули, а потоа законското решение ќе се пресели во парламентот.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











