Забранет спотот на Вучиќ , во кој што на девојче му кажува дека ќе го врати татко и од Германија (ВИДЕО)

581
Советот на српското регулаторно тело за електронски медиуми (РЕМ) денеска го забрани натамошното емитување на предизборното видео на Српската напредна партија во кое се појавуваат лидерот и претседател на Србија Александар Вучиќ и мало девојче.

РЕМ подоцна објави дека Советот утврдил дека политичката реклама на Српската напредна странка, во која српскиот претседател Александар Вучиќ разговара со девојче на возраст од околу 4-5 години, играјќи си со воз, коцки и други играчки, во траење од 55 години секунди, што е прикажан на програмите на повеќе медиуми, е во спротивност со Уредбата за заштита на малолетни лица во сегментот на медиумски услуги.

Во видеото, Вучиќ разговара со девојчето за важноста на изградбата на патиштата, градинките и училиштата, а потоа и кажува дека има план да го врати нејзиниот татко од Германија.

„На давателите на услуги на медиумите им е наредено веднаш да го прекинат емитувањето на споменатата политичка реклама (видео), а секое натамошно емитување ќе биде основ за поведување мерки согласно Законот за електронски медиуми“, се вели во соопштението на РЕМ.

Додадено е дека Советот на РЕМ донел одлука да го извести Н1 ТВ, која доставила барање за мислење за усогласеноста на видеото на Српската напредна странка со правилата за заштита на малолетни лица, дека огласот не бил во согласност со Правилникот.