Војниците се обучуваат за употреба на ловечки бомбардери кои во случај на војна би можеле да бидат вооружени со нуклеарно оружје.
Германското воено воздухопловство тајно, со другите партнери од НАТО сојузот се подготвува за одбрана од нуклеарна војна, ако дојде до неа.
Според информациите на Германската печатна агенција, тајните вежби на сојузниците под кодно име “Непоколебливо пладне” почнале оваа седмица. Војниците се обучуваат за употреба на ловечки бомбардери кои во случај на војна би можеле да бидат вооружени со нуклеарно оружје.

“Bild” пишува дека сега ризикот од започнување на нуклеарна војна е многу поголем отколку во минатите три децении, а главна причина за тоа е повлекувањето на САД од Договорот за нуклеарни ракети со среден дострел (INF).
Вежбите се одржуваат во воздушната база Нурвених во Северна Рајна-Вестфалија. Се смета дека таа база би можела да биде складиште за американските нуклеарни бомби од типот B61, кои, според неофицијални информации, се чуваат во Бухел.

Наводно се вежба како безбедно да се пренесе американското нуклеарно оружје од подземните складишта до авионите и да се постави на истите.
Воените експерти очекуваат дека сега би можела да почне нова трка во вооружувањето. САД веќе работат на нов, мобилен земјен состав со среден дострел, кој не смееле да го имаат во текот на договорот за “INF”.
