Седум новороденчиња на тасмански ѓавол се родени во резерватот Барингтон во Нов Јужен Велс, пренесуваат австралиските службеници.
Тасманските ѓаволи исчезнаа во Австралија со доаѓањето на дингото, вид на див пес, и преживеаја само на островот Тасманија. Дополнително ги истребил и заразниот вид рак познат како „DFTD“ кој убил околу 90 отсто од популацијата откако е откриена во 1996 година.
Минатиот септември, борците за заштита на животните пуштиле 11 вакви животни во дивината на Австралија, а претходно 15 торбари биле пуштени на копнениот дел на Австралија така што сега ги има вкупно 26.
Неколку месеци по пуштањето во дивината, животните успешно се репродуцирале и на свет пристигнале седум младенчиња.
Женките во просек можат да родат помеѓу 20 и 40 младенчиња кои мораат да се „тркаат“ за место во нивните торби бидејќи мајките имаат само 4 дојки. Тие во торбите живеат околу 3 месеци.
Во дивината на Тасманија живеат само 25.000 тасмански ѓаволи.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















