За овој човек вреди сѐ: Цеца и Анастасија дојдоа во Скопје само на неколку часа, па не ни размислуваа на опасноста што ги дочека за назад (ФОТО)

445

Балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ не е тајна дека има многу пријатели, колеги и деловни партнери од Македонија.

Пејачката заедно со својата ќерка еден од нив јавно го сподели на нејзиниот Инстаграм профил откако му дојдоа на гости вчера во текот на денот.

Станува збор за композиторот и музичкиот продуцент Дарко Димитров во чие студио вчера Анастасија Ражнатовиќ во присуство на својата мајка снимаше песни за новиот албум.

За жал Цеца и Анастасија во Скопје беа само работно, по што веднаш се упатија кон Белград каде за враќање во раните утрински часови ги дочека снегот.