Додека во Македонија владеат ниски температури и македонските познати заминаа личности некаде да уживат на зимување бидејќи во градксите подрачја нема снег, фолкерите Татјана Лазаревска и Маријана Новачевска уживаат на плажа.
Имено, добро познато е дека Татјана и Маријана веќе неколку години живеат во Австралија.
Татјана често на своите профили на социјалните мрежи објавува фотографии покажувајќи како го поминува времето, што прави, некогаш знае да се вклучи и во живо на социјалните мрежи, па да им запее на следбениците.
Бидејќи во Австралија сега владее лето и високи температури, фолкерката овие денови слободното време го користи да ужива на плажа.
Лазаревска на социјалните мрежи сподели неколку фотографии како ги полни батериите на сонце, а многумина може да и позавидат…

ФОТО: ИНСТАГРАМ/ТАТЈАНА ЛАЗАРЕВСКА
Меѓутоа, овој пат фолкерката имаше и одлично друштво, односно Маријана Новачевска. Двете дами заедно позираа на плажа облечени во бикини прекриено со наметки за на плажа.

ФОТО: ФЕЈСБУК
За да атмосферата биде уште поубава и повесела двете пејачки заедно запееја од плажа. Имено, тие се приклучија во живо, па на нивните фанови им ја отпејаа „Едно срце имам“.
Под објавата се нижеа разни коментари, меѓу кој и оној на сестрата на Маријана, Росана која напиша дека се расплакала.
„Златни мои….Ај бегајте таму ме расплакавте“, а како изгледаше изведбата на Маријана и Татјана погледнете во видеото подолу.