За една година потрошил само 422 денари за храна: Еве како успеал

177

Даниел Теј од Сингапур е еден од „фриганите“. Тие го отфрлаат конзумеризмот и во принцип, никогаш не даваат пари за храна, туку ги наоѓаат во контејнери околу големите супермаркети и познати ресторани. Тие користат и други исфрлени стоки.

На својот блог, Даниел пишува за сите намирници и стоки што ги собира, за кои не троши ниту еден денар. Најинтересна е неговата приказна за тоа како тој потрошил помалку од 500 денари на храна за една година. Ви го пренесуваме неговиот текст во целост.

– Од првиот ден, морав да сфатам како ќе успеам да се снајдам со вода, храна и засолниште. Водата не беше проблем бидејќи Сингапур има многу јавни чешми. Храната беше проблем. Можев да буричкам низ контејнери, но ќе ми требаше извор на топлина за да ги убијам бактериите од таа храна, а тоа го немав.

– Затоа се свртев кон рестораните за брза храна. Земав сè што луѓето оставаа зад себе. Полујадени хамбургери, пилешки крилца, помфрит, стопен сладолед … Се сеќавам дека еднаш поминав два часа во ресторан. Како што станував да заминам, ќе забележев нов послужавник со преостаната храна. На крајот, се прејадов толку многу што ми беше лошо. Ги посетив и пекарите и ги зедов сите производи што вработените ги фрлија на крајот на денот.

– Сум земал и до 50 производи од само една пекара. Го чекав официјалното време на затворање и штом вработените го фрлаа ѓубрето, го вадев во истите секунди. Јас на некој начин ги охрабрив пекарите во Сингапур да донесат одлука да ги донираат своите производи на луѓе на кои им се потребни на крајот на денот, но тоа е друга приказна сега. Покрај тоа, поминував време во трговските центри, скитајќи меѓу масите во рестораните, чекав луѓето да станат без да завршат со оброкот. Штом станауваа, јас ќе седнев и ќе продолжев да јадам.

– Сега моето искуство го претворив во документарен филм, за тоа колку храна навистина исфрламе. Само пред некој ден, решив да ја испробам истата работа. Влегов во трговскиот центар во потрага по храна, исто како и порано, и за пет минути наидов на оваа сцена:

– И тоа не е сè. Море од практично недопрена храна стоеше на масите. Му пријдов на еден од чистачите и прашав зошто толку многу храна се фрла. Тој крена раменици и рече:

– Луѓето имаат премногу пари и купуваат повеќе храна отколку што им треба. Потоа го фрлаат. Кога го прашав дали може да го јадам тоа, тој ми рече: „Не, ова мене ми се јаде. Земи пилешки крилца ако сакаш “. И ги зедов. Имаше 10. Се свртев и видов море од фрлена храна што беше навистина премногу добра за да се исфрли.