Над 500 илјади граѓани се попишани во првите девет дена од Пописот на населението и објектите 2021. Додека Државниот завод за статистика, оценува дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо, премиерот Зоран Заев очекува тој успешно да заврши до 30 септември.
Пописот 2021 е на третина од предвидените 26 дена пописни активности и се одвива добро, со исклучок на привремените технички проблеми на почетокот, кои беа надминати со апдејт на софтверот.
Најголем дел од попишаните 500 илјади граѓани се во неделите на 12 септември – 111 186 лица и на 5 септември – 94.975 лица.
Премиерот Зоран Заев, вчера упати благодарност до граѓаните кои ја препознаваат важноста од успешно спроведување на пописот и учествуваат со масовен одзив.
– Очекувам пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да се завршат до 30 септември. Продолжуваме заедно, до успешен #Попис2021, објави Заев на Фејсбук.
Државниот завод за статистика, вчера информира дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо и дека заклучно до 18:00 часот, попишани се 502.000 лица.
Можноста за самопопишување на лица во странство, заклучно со вчера ја искористиле – 192.538 лица.
ДЗС истакнува дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување, граѓаните можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

