Воз излета од шините и удри во градежен кран во Холандија – еден загинат и 30 тешко повредени

726

Воз излетал од шините во холандското село Воршотен во близина на Хаг. Еден човек загинал, а над 30 патници се повредени од кои 19 потешко.

Возот превезувал 50 патници, кога утринаава во 3.30 удрил во градежен кран, се превртил и дел од вагоните излетале во полето. Спасувачките екипи ги извлекле патниците, на половина им укажале помош на лице место и тие биле сместени во околните куќи, додека 19 се во болница со тешки повреди.

Првите два вагони излетале во полето, додека во третиот избувнал пожар, кој брзо бил изгасен од локалната противпожарна служба.