Легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски – Буштур загина синоќа во сообраќајна несреќа во скопската населба Кисела Вода.
Неофицијално несреќата се случила кај сервисот „Скендеровски“. Легендарниот кошаркар изгубил контрола врз возилото, веројатно поради влажниот коловоз, и удрил во бетонските блокови поставени покрај булеварот.
Полицијата го истражува случајот.
Благоја Георгиевски – Буштур е роден на 15 октомври 1950 година во Скопје. Најголемите успеси во кариерата ги остварил со Работнички и репрезентацијата на Југославија.
Со Работнички има играно полу-финале во Купот на победниците на куповите во сезоната
1975/76. Со репрезентацијата на Југославија има сребрени медали од ЕП во 1971 и ОИ во
1976.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















