И оваа година, под покровителство на Општина Радовиш, во деновите од 30 Септември до 01 и 02 Октомври, на локацијата прд Центарот за култура „Ацо Караманов“, посетителите ќе имаат можност да уживаат во прекрасна програма исполнета со разни жанрови и содржини.
На традиционалната гурманска манифестација „Самун ем татлија“, која се одржува во Радовиш, годинава ќе настапат само македонски музичари. Како што е наведено во програмата, на 30-ти септември за дел од забавата ќе
се погрижи Бајабо Бенд, Викторија Бенд и Брас Брадерс. Овогодишната манифестација ќе биде збогатена со Меѓународниот фолклорен фестивал „Радовишки собор“.
Наредната вечер, на први октомври ќе настапат Јовче Пандев Бенд, Игор Џамбазов и Гуру Харе и Ибишеви. Последната вечер пак, гостуваат Ицов и пријателите, Струмичка тајфа, Екстра бенд и Вукица, Троја и Влатко Стефановски Трио.
Во минатото за време на манифестацијата во Радовиш најчесто доаѓаа регионални музички ѕвезди.
Црвена Јабука, Наташа Беквалац, Шабан Шаулиќ, Хари Мата Хари, Јелена Розга и многу други познати изведувачи ги забавуваа посетителите на настанот на кој се промовираат локалните специјалитети, „самунот и татлијата“ изминатите години.
Во тек на неколку дневната манифестација во минатото, се случуваше да се продадат и по 40 илјади самуни.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)
















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)






![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)



