Во Црна Гора се слави откако опозицијата се договори да формира Влада

632
Неколку лица синоќа се повредени во подрачјето на градот Подгорица, во судир меѓу приврзаници на партијата на Мило Ѓукановиќ и опозициските коалиции.

Полицијата спречила потежок инцидент која ги разделила двете групи, јави подгоричкиот весник „Вијести”.

Во Црна Гора синоќа се славеше откако опозициските лидери објавија дека ги договориле принципите за формирање на новата Влада.

На парламентарните избори кои се одржаа во неделата опозицијата освои доволно пратенички места за да формира мнозинство.

Поддржувачите на опозициските партии во Црна Гора излегоа на улиците во повеќе градови да ја слават победата и падот на власта на Мило Ѓукановиќ. Со црногорски, но и српски знамиња, голем број на граѓани се собраа во Подгорица, палејќи факели и скандирајќи „мило крадецу“. Прослави имаше и во бутав, Херцег Нови и Беране.

Прославата следуваше откако лидерите на коалициите „за иднината на Црна Гора“, „мирот е нашата нација“ и „црно-бело“, Здравко Кривокапиќ, Алекса Бечиќ и Дритан Абазовиќ, објавија заедничка изјава дека се договориле за повеќе принципи врз кои ќе ја формираат идната Влада. Меѓу другото, се договориле таа да биде експертска, влада која ќе ги спроведе меѓународните обврски и реформи за што побрз влез на Црна Гора во ЕУ.