Во Австралија е толку жешко што мртви птици паѓаат од небото: Не можат да преживеат плус 50 степени

738

На фотографиите се гледаат два папагали кои не успеале да ги преживеат страшните услови.

Минатите денови било премногу топло во Австралија, поради што на луѓето и животните им било тешко да се разладат и да останат безбедни. Додека луѓето биле затворени во куќите и со вклучени клима уреди, на животните им било потешко да пронајдат безбедно засолниште. Така птиците, исцрпени од топлото, паѓале мртви од небото.

Додека живата во термометарот се качила близу 50 степени Целзиусови, луѓето на социјалните мрежи поставиле фотографии од птици кои буквално паднале од небо. Некои преживеале, но некои не.

На фотографиите се гледаат два папагали кои не успеале да ги преживеат страшните услови.

Според зборовите на луѓето кои ги пронашле, температурите тој ден под сенка изнесувале 48,9 степени, но тоа било доволно да ги убие птиците.

Здружението за заштита на животни соопштило дека спасиле стотици суштества кои не се снаоѓаат добро на високи температури.