Почитувани читатели на телефон овој текст е за да ве предупредиме дека во изминатиот период од некој “call centar” добиени се телефонските броеви на граѓани на Град Скопје и цела Македонија.
Секојдневно во повеќе наврати сведоци сме на повици од некаква лажна фирма која лажно објавува резултати од квалитет на вода за пиење во Скопје и другите градови.
Како што сме информирани, доаѓаат на лице место и користејќи сомнителни супстанци ја бојат водата по што ги убедуваат граѓаните дека водата за пиење не е квалитетна и дека треба да купат филтер.
ЈП Водовод и канализација-Скопје ја има најсовремената лабораторија за испитување на квалитетот на водата и во неколку соопштенија наназад потврдија дека секој ден го мерат квалитетот на водата и таа е одлична за конзумирање.
Ги предупредуваме сите наши читатели дека може да наседнат и да бидат измамени од вакви “експерти” кои ќе направат сè за да продадат некакви “лажни” филтри поради профитни интереси.
Ред е и државата да се позанимава со овој проблем, бидејќи употребување на лажни информации за оставрување на личен профит а притоа недај боже креирање на паника поради квалитетот на водата може да биде навлегување длабоко во криминални активности.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















