Македонската нација не е производ на антагонизам, ниту на комунистите. Македонската нација е поризвод на македонскиот народ, кој живее на овие простори со векови. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува навредите искажани од професорот Сафетас кој е дел од грчката комисија која благодарение на аболицираниот Зоран Заев ќе ја прекројува македонската историја и учебниците.
Македонија нема територијални претензии кон Грција, ниту некогаш ги имала.
СДСМ и Зоран Заев треба веднаш да реагираат и да ги осудат ваквите ставови кои доаѓаат од грчката академска фела, а се креатори на јавното мислење во Грција. Доколку владата навистина се залага за добрососедски односи и взаемно почитување, треба да се избори и за почит на Република Македонија и нејзината историја, традиција, култура и археологија.
Срамно и недозволиво е што СДСМ со нивната антидржавно делување ја донесе државата до дереџе да биде негирана и понижувана.
СДСМ противправно и против волјата на народот го смени името на државата и дозволи национална катастрофа.
Последиците кои СДСМ ги предизвика врз државата се огромни. СДСМ мора да си замине. Понижувањата не смеат да продолжат. Потребни се итни и неодложни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори. Народот ќе му каже НЕ на СДСМ.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











