Автопатот Кичево-Охрид, иако проектиран колку ќе чини, наеднаш станал поскап за 200 милиони евра и тоа без никакви детали, ова го потврдува Извештајот на Државниот завод за ревизија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС.
Руинирани институции кои тонат поради корупција и криминал е состојбата која ја остави владата на СДС и ДУИ.
Дека единствен приоритет на претходната владата на СДС и ДУИ и бил сомнителни тендери, се гледа и од тендерот за автопатот Кичево-Охрид.
Фактите говорат дека на ДУИ и СДС приоритет им било местење на тендери, а не капитални инвестиции и изградба на инфраструктура.
Ова го потврдува Извештајот на Државниот завод за ревизија. Автопатот Кичево-Охрид, иако проектиран колку ќе чини, наеднаш станал поскап за 200 милиони евра и тоа без никакви детали.
Или кога станува збор местење тендери, ова е случај во најголем број од нив.
Одлика на тендерите на Владата на СДС и ДУИ е одложена изведба и зголемени трошоци, со што се оптеретувал државниот буџет.
Оваа Македонија ќе ја смениме!
Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина!, стои во соопштението на владејачката партија.















![[ВИДЕО] Ова е човекот чиј изум би можел да спаси 2 милијарди луѓе ширум светот – од бегалски корени до глобално влијание](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/03/M9N0O-screenshot-1-218x150.png)







![[ВИДЕО] Брејк: „Често одев на психијатар, разводот со сопругата ни беше детски…“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/UDOKq-screenshot-1-218x150.png)

![[ВИДЕО] „Потпишав договор на 250.000 евра месечно, татко ми не ми зборуваше една недела“: Бака Прасе откри колку заработува](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/02/OxJnT-chatgpt-image-feb-24-2026-11-22-39-am-218x150.png)









