Најпознатиот македонски гитарист Влатко Стефановски на 1 август ќе има концерт во Античкиот театар во Охрид. Нашиот гитарски виртуоз ќе настапи со гостите и негови пријатели Теодосиј Спасов од Бугарија, хармоникашот Танос Ставридис од Грција, Биља Крстиќ од Србија, Весна Гиновска Илкова и групата „Љубојна“ од Македонија. Посетителите ќе можат да го слушнат неговиот последен проект, албумот „Мајчин јазик“.
– Верувам дека охридскиот концерт ќе биде кулминација на сите мои трагања, музички и просторни. Со нетрпение го очекувам концертот и моите гости кои доаѓаат од разни страни, рече на денешната прес-конференција Стефановски. Додаде дека е оптимист и очекува добро време за охридскиот концерт.
За Охрид рече дека е место полно со магија, дух, уметност, неверојатна природа и претставува секогаш голема инспирација и возбуда за него.
Одговарајќи на новинарско прашање, Стефановски рече дека еден од мотивите за организирање на овој концерт е за да се спротивстави на „тоа се и сешто што доаѓа и што настапува токму овој датум“.
– И би сакал да ја имаме таа среќа да влеземе во празникот, 2 Август-Илинден, заедно со последните нумери од концертот, рече Срефановски.
Владимир Мандичевски-Манде од Баги комуникации кои се организатори на концертот изјави дека во Охрид ќе има концерт по трите фантастични и успешни концерти на Стефановски во Скопје.
– Она што можеме да ви ветиме дека ќе биде добар, можеби уште подобар од тие три концерти бидејќи имаме и гостин од Грција, рече Манда.
Организаторот најави дека на концертот ќе присуствува и првата жена премиер на Словенија Аленка Братушек. Почетокот на концертот е во 22 часот.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)

