Владата на Република Македонија со посебно внимание ги прифати и ги анализираше реакциите на претставниците на медиумите што беа предизвикани од настаните за време на подготовките за известување од лидерската средба што се одржа вчера во Клубот на пратениците.
– Водена од врвниот принцип да го почитува и да го овозможува правото на медиумите за непречено, одговорно и професионално известување од настаните од посебен интерес за јавноста и граѓаните, претставниците на Владата на РМ на вчерашниот настан обезбедија услови за работа на новинарите и новинарските екипи, соодветно на стандардите за вакви настани и насоките кои ги има добиено од безбедносните институции, се вели во соопштението од владината прес-служба.
Поведени од начелото дека треба да бидат обезбедени еднакви услови за сите претставници на медиумите без исклучок, како и заради безбедносни проценки направени од професионалните безбедносни служби, од Владата изразуваат жалење што, како што велат, не постоело можност да се направат исклучоци од однапред утврдените и обезбедени услови за работа на сите медиумски екипи.
– Владата изразува жалење за непријатната ситуација до која е дојдено при спроведување на безбедносните насоки и се заложува решенијата да се бараат низ дијалог и соработка, се додава во соопштението.
Од Владата посочуваат дека и натаму остануваат посветени да се применува единствен и еднаков пристап кон сите медиуми кога станува збор за јавни настани од интерес на граѓаните.
– Истовремено, ја препознаваме потребата од постојана комуникација со медиумите и ги охрабруваме нивните претставници редовно да учествуваат на поканите на средби на кои ќе се разговара за сите прашања поврзани со условите за најсоодветно известување за работата на Владата и за настаните кои се од интерес на јавноста и граѓаните, се посочува во соопштението.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











