Тестенините се подготвуваат на безброј начини, а доколку барате едноставен сос, еве идеја за брз рецепт што пријатно ќе го изненади вашето семејство.
Состојки:
шпагети (може да бидат тестенини по ваш избор)
1/2 тенок исечен мал црвен кромид
1 лажица квалитетно маслиново масло
2 чешниња лук
2 лажички суво оригано
2 лажици вотка (опционално)
1,5 чаши благ ајвар
4 лажици суви домати конзервирани во масло,исцедени и сецкани
4 лажици исечени маслинки
Рендан пармезан за гарнир (по избор)
Свеж босилек за декорација (по избор)
Ставете вода да зоврие и додадете сол. Додадете ги тестенините и варете ал денте, во согласност со упатствата на пакувањето. Во меѓувреме, загрејте ја тавата на средна топлина и додадете маслиново масло, потоа додадете го кромидот и варете додека не омекне, околу 4 минути. Додадете оригано и промешајте и варете уште 4 минути или додека кромидот не почне да добива златно-кафеава боја. Додадете лук и варете уште половина минута. Ако користите водка, додадете ја сега и промешајте и оставете да се готви уште неколку минути. Додадете го остатокот од сосот: ајвар, потоа сушени домати, па маслинки, постојано мешајќи. Извадете една чаша вода со тестенини од тенџерето и додајте ја во садот и мешајте додека сè не се соедини. Доколку е потребно, додадете повеќе вода за тестенини за да ја постигнете саканата конзистентност. Исцедете ги тестенините и додајте ги во тавата





![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)









![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)

















![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-100x70.png)



