Ова е најшироката улица во светот, има дури 14 ленти

101

Авенијата 9. јули во Буенос Ариес е најшироката улица во Аргентина, но и во светот. Оваа улица ја добила името по денот на независноста на земјата, 9. јули 1816 година.

Авенијата се протега на три километри од Ретрио до железничката станица „Конституцион“ на југ.

На некои делови, улицата има седум ленти во еден правец, и широка е до 140 метри. Не е лесно да се премине пешки, а поголем дел бара спас на островот помеѓу двете зелени светла за успешно да ја „совлада“.

Градбата на авенијата е планирана уште во 1888 година, но дозволите и потребните средства биле собрани дури во 1935 година. Улицата е завршена во текот на шеесетите години минатиот век.