ВИДЕО: Украина ќе има кошмари од него – сите одбрани на Никола Митревски!

688

Ако раката на Кире Лазаров во последната секунда беше мирна и со проектил од девет метри ни донесе стартни два бода на Европското првенство, најголемите заслуги за победата над Украина (26-25) одат на името на Никола Митревски.

Голманот на Еурофарм Пелистер на фантастичен начин ја искористи пружената шанса од првата минута, и со 15 одбрани едноставно ги полуде украинските ракометари. Бранеше зицери, пенали, од девет, од шест метри, од крило… Едноставно, вечерва беше несовладлив во „Штадхале“.

  • Погледнете ги сите 15 одбрани на фантастичниот НИКОЛА МИТРЕВСКИ: 

Кај стрелците најпрецизен беше Лазаров со осум гола, Манасков постигна пет, а по четири реализираа Стоилов и Талески.