ВИДЕО: Тепачка и апсење на пожарот во Визбегово

188

Масовна тепачка се случи во Визбегово каде цело претпадне беснее пожар на дива депонија.

Како што јавува репортерот на Press24, прво дошло до тепачка меѓу поголема група граѓани, а потоа интевернирала и полицијата при што приведено е најмалку едно лице.

Црниот чад се гледа од целиот главен град. Пожарот беснее од изутрината.

На терен се противпожарните служби, а пред малку пристигна и хеликоптер кој досега гаснеше во Дојран каде според надлежните исто така има сложен пожар за гаснење.

ВИДЕО

https://www.facebook.com/reel/1799393337595776/?t=3