ВИДЕО: Страшен судир на Иџе во Монца

416

Откако на отворањето на новата сезона во ТЦР италијанскиот шампионат, нашиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе имаше фантастичен настап и за малку не се искачи на пиедесталот, денес не ја заврши втората трка која исто така се возеше на легендарната „Монца“.

Причината за тоа поради неспортски потег на еден од колегите, кој пред самиот крај на трката удри директно во возилото на Иџе, по што нашиот возач од заштитниот дел излета од патеката.

  • Излетувањето на Иџе во Монца:

Неговото „Хундаи“ е значително оштетено, но добра вест е што Иџе се чувствува добро и откако ги мина потребните лекарски прегледи им се обрати на своите фанови:

Инаку, на вчерашната трка Стефановски има одличен старт и долго време беше на лидерската позиција, но на крај заврши на четвртото место.