(Видео) Се запали единствениот руски носач на авиони: Оган и чад на горната палуба, повредени три лица

190

Единствениот носач на авиони со кој располага руската воена морнарица се запали за време на поправката на пристаништето во Мурманск, по што три лица се здобиле со повреди.

„Според првичните податоци, огнот ја зафатил првата единица за напојување. Од горната палуба може да се види густ облак на црн чад“, соопштиле од итната служба за руските медиуми.

Пожарикарските екипи долго време се бореле со огнот кој најверојатно избил поради непочитување на правилата за безбедност во текот на поправката на застарениот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“.

Носачот на авиони беше користен за време на руската воена кампања во Сирија кога беа забележани низа на инциденти во кои најмалку два борбени авиони се срушија на носачот. Исто така, неодамна на пристаништето во Мурманск бродот беше оштетен откако кран се сруши врз пловилото.

Инаку, станува збор за носач на авиони кој е изграден во времето на Советскиот сојуз, а во тек е неговата планирана модернизација.