Авионот Ц-27 Спартан на романското воено воздухопловство, кој е специјализиран за гаснење пожари, денеска дејствуваше над с. Раовиќ Општина Сарај.
Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека авионот испуштил 6 тонски кеси со вода во форма на падобран бомба кои се распрскуваат врз огнот.
На терен се тимовите на ДЗС со 13 лица, Доброволното ПП друшто Бајрам Мифтари со 5 пожарникари и 22 припадници на армијата.
Утринава од Центарот за ушравување со кризи информираа дека пожарот над селото се дели на два крака, едниот е насочен кон Матка додека другиот оди далеку над селото Раовиќ, на многу непристапен терен.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)



















