Пол Џорџ беше посрамотен пред очите на јавноста во директниот дуел со Лука Дончиќ. Ѕвездата на Лос Анџелес Клиперс се обиде да му ја украде топката на противникот, но наместо тоа, заврши на подот.
Потегот е хит во Соединетите Американски Држави, а Џорџ добива сеир од сите страни на социјалните мрежи.
Luka was feeling himself after this bucket on PG 😂 pic.twitter.com/t9E8hpe92T
— Bleacher Report (@BleacherReport) March 18, 2021
Оваа реализација на Лука беше совршен извичник за неговата импресивна вечер против Клиперси.
22-годишникот од Далас не е најбрзиот играч во лигата, но тој е познат по тоа што игра со свое темпо и важи за еден од играчите со најголема контрола над натпреварите во НБА лигата.