ВИДЕО: Невреме кај Кичево – град ги прекри патиштата, сообраќајот отежнат

777

Силно невреме проследено со пороен дожд и град го зафати подрачјето во близина на Кичево.

На патот после Кичево, кога се оди кон Скопје, синоќа паѓаше крупен град и врнеше пороен дожд и речиси бешее невозможно да се вози. Патници кои во моментот се наоѓаа на местото велат дека покрај патот има колона возила кои чекаат да помине невремето за да го продолжат патувањето.

Вчера и Струмица беше зафатена од силно невреме. Нестабилната облачна маса се движеше кон југ во правец на Валандово, Дојран и Богданци. Нестабилно беше во повеќе места во источниот и во планинските подрачја во западниот дел од земјата, како и над Преспанското Езеро. Подоцна нестабилна воздушна маса со поголеми размери ја зафати околината на Битола, а нешто помала и Кичевско. Доцна попладне во Дебар имаше невреме проследено со пороен дожд, грмежи и појава на град.

 

Времето утре претпладне сончево и топло со умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.