Вознемирувачко видео на кое се гледа саботното убиство на 27-годишната Сара А. објави српски „Информер“.
На видеото од безбедносните камери на бензинската пумпа во Врање се гледа како осомничениот Марјан С. (47) седи на маса со жртвата, ѝ го покажува телефонот, тивко разговараат, а потоа станува, вади пиштол и ја убива со неколку куршуми.
Истрагата покажа дека Марјан претходно бил во затвор токму поради убиство. Исто така, му е судено за обид за убиство на поранешната девојка кое се случило пред 14 години.