(ВИДЕО) Куче 4 години ги чекало сопствениците на истото место каде што го оставиле

184

Многу пати сме слушале дека кучињата се најдобри пријатели на човекот, но и најлојални миленичиња. Едно куче од Тајланд тоа го докажа на цел свет, а начинот на кој тоа го направи е навистина неверојатен.
Еден човек од Тајланд забележал слабо куче како седи крај на патот, па почнал да ги прашува локалните жители за него. Она што го откри е дека една локална жена го храни секој ден.

Таа му кажала дека му носи храна со надеж дека ќе дојде со неа, сепак, секој пат кога ја следел до нејзината куќа, следниот ден и бегал и се враќал на истото место.

Кучето, кое жителите го нарекле Лео, секој ден седи крај патот и ги чека своите сопственици. Ова трае веќе 4 години, а тој не се откажува од својата мисија. Дури и кога неговите сопственици го нашле повторно, тој одлучил да остане на неговото место каде што често го посетуваат.

Погледнете го видеото подолу и дознајте повеќе за оваа приказна: