Ретко кој во некогашна Југославија не се возел во популарниот и најдолговечен модел „Застава 101“. Популарното возило настанало на база на „Фијат 128“ со малку изменет заден дел, односно петта врата.
Започнува да се произведува на 15 октомври 1971 година, а последниот автомобил од оваа марка е приоизведен на 20 ноември 2008 година. Произведени се повеќе од милион примероци.
Милионитиот 101 е произведен во 1991 година, а рекордното годишно призводство било во 1979 година кога се произведени 88.918 примероци.
На времето немаше компјутерски обработки, немаше нашминкани реклами – тие беа едноставни, со препознатливи гласови. Не се нудеа станови и мерцедеси – на наградните игри се делше Југо – и тоа беше премија.
Рекламите можевме да ги гледаме само на МТВ се разбира. Погледнете и можеби ќе се сетите на некоја и ќе ве врати во минатото,а оние кои не биле родени ќе видат за првпат.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















