(Видео) Како реагира роботот кој неверојатно потсетува на живо суштество кога ќе се „налути“

404

Машината која се промовира како најнапредниот хуманоиден робот на светот целосно ги запрепастила своите креатори поради тоа што со очигледна лутина изреагирал и ја зграбил раката од истражувачот кој го нарушил неговиот „личен простор“.

На неодамна објавената снимка од интеракцијата на роботот наречен „Амека“ и истражувачот кој го држи прстот пред неговото лице и демонстрира како роботот го следи неговото движење и како реагира на приближувањето на прстот.

Поради тоа што истражувачот тргнува да му го допре носот, роботот „луто“ го фаќа за раката.

Роботот кој неверојатно потсетува на живо сушстество, а кого го развила британската компанија „Engineered Arts“ најавен е како „идното лице на роботиката“ и „совршена човекоидна роботска платформа за интеракција на човекот и роботот“.

Машината со сива боја донекаде потсетува на роботот од холивудскиот филм „Јас, робот“ од 2004 година според романот на Исак Асимов. Наводно, „Амека“ веќе умее да изрази човекови емоции кои ги следат реалистични движења на очите и лицето.

На снимката која фирмата со седиште во Корнвол ја споделила на Јутјуб, се вели дека „Амека реагира како нешто да го повредува неговиот ‘личен простор’“. Програмерите споменуваат дека „таквото однесување почнало да ги плаши, но се навикнале на него“.

Додека поголемиот дел од оние кои го виделе видеото во коментари изразиле воодушевување од однесувањето на роботот, некои сепак имале помешани чувства на возбуда и страв, а имало и такви коментари во кои се вели дека ова е „прво предупредување“ за опасностите кои може да ги доведе употребата на ваквата технологија.