„Блиц“ ексклузивно дознава дека авионот кој вчеравечер полетал од аеродромот „Никола Тесла“ за Дизелдорф, па веднаш слетал, имал огромни оштетувања во вид на дупки и пукнатини од левата страна на трупот.
Како што неофицијално дознава „Блиц“, авионот соборил светлосен сигнал при полетувањето. По околу еден час кружење авионот слетал, а сите патници безбедно го напуштиле леталото. Во авионот имало 106 патници.
По слетувањето, на авионот од левиот мотор истекувало гориво, а пожарникарите го попрскале со пена, за да спречат пожар. Како што може да се види на видеата и фотографиите по слетувањето, авионот „ембраер“ на компанијата „Marathon airlines“, кој врши летови за „Ер Србија“, има дупки и големи пукнатини на левата страна од трупот и на левото крило.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



