(ВИДЕО) Функционери на СДСМ завршија во полиција. (Видео)

536

Пратеникот Дарко Каевски, градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски и директорите на скопската Зоолошка градина и на затворот во Шутка биле повикани во полициска станица, под сомневање дека ги прекршиле ковид-протоколите
Четворица функцинери на СДСМ попладнево даваа исказ во полиција, под сомневање дека ги прекршиле ковид-протоколите, откако синоќа од трибините на спортскиот центар „Борис Трајковски“ го следеа ракометниот меч С Македонија – Данск, и покрај ограничувањето за присуство на публика.

Пратеникот на СДСМ Дарко Каевски, градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски и директорите на скопската Зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски и на затворот во Шутка Филип Андонов, градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски и пратеникот Дарко Каевски денеска биле повикани во полиција, откако не само што биле забележани на трибините, туку и објавија фотографии на фејсбук пишува 360 степени.

Во изјави за „Телма“ по давањето исказ во полиција, функционерите на СДСМ посочуваат дека, како споортски работници, присуствувале на натпреварот по покана на Ракометната федерација.

„Секако дека, во ова тешко време, треба да се запазат протоколите и безбедноста. Јас сепак мислам дека нема ничија вина, бидејќи Федерацијата постапила како што треба и поканила гости, како што има право. Јас присуствував со покана како дел од менаџмент-тим, за кој имам и договор“,

изјави Галетановски.