(ВИДЕО) Две ремек дела, убедлива победа – Македонија во плеј-оф за Европско првенство

1026

Македонската фудбалска репрезентација обезбеди пласман во Ц дивизијата од Лигата на нации, а воедно и во баражот за учество на Европското првенство во 2020 година.

Во последниот меч на домашен терен го победивме Гибралтар со 4-0 и завршивме како втора најдобра селекција во Д дивизијата. Натпреварот го одбележаа двете ремек дела, прво на Барди и потоа и на Несторовски. Фудбалерот на Палермо беше двоен стрелец на овој меч, а во 90. минута во листата на стрелци се запиша и неговиот соиграч од италијанскиот второлигаш.

Конечна табела:

1.Македонија 15 бодови
2.Ерменија 10
3.Гибралтар 6
4.Лихтенштајн 4