Интернистот и инфлуенсер Горан Трајковски, веќе 5 години живее и работи како доктор во Германија.
Тој со своите следбеници на Инстаграм секојдневно споделува што се случува во неговиот живот, барем за оние поголемите и поважни настани.
Имено, денеска Трајковски на Инстаграм сподели видео како ја прима вакцината на Фајзер и истакнува дека би го зел ризикот кој го носи вакцината, со оглед на изминатата година, во која и тој беше вклучен во борбата против Ковид-19.
„Според мене изборот е следниот: или ќе ги пробам шансите со тоа што ми го нуди модерната медицина или пак ќе си ги пробам шансите со Ковид-19. А од тоа што го видов во последнава година работа на ковид-интензивниот оддел (не само кај постари туку и кај млади лица), би го земал ризикот кој го носи вакцината. Се надевам на добар исход. После една седмица се очекува околу 52% заштита. Една седмица после втората доза 95% заштита“, истакнува Трајковски.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











