Комисијата за заразни болести реализираше средба со претставници од угостителските објекти, но сепак ништо не се смени, актуелните мерки остануваат на сила.
Микробиологот д-р Никола Пановски за „TВ21“ го коментираше барањето за вакцинација на граѓаните кои прележале Ковид-19 последните 45 дена.
Според Пановски апсурдно е барањето за вакцинација од граѓаните кои прележале Ковид-19 последните 45 дена. Додава дека е штетно за здравјето на пациентите кои прележале Ковид-19 да се вакцинираат првите 6 месеци.
„Вакцинацијата на лица кои прележале Ковид-19 е залудна и само се трошат вакцини, на место да се вакцинираат лицата кои не биле заразени и кои имаат потреба“, изјави Пановски
„Не знам зошто министерот Филипче е упорен, зошто не нè почитува нас најстарите професори признаени тука и во светот, туку се повикува на некои анонимни експерти коишто ние не ги знаеме. Нека најде еден доктор или професор кој ќе го каже спротивното од мене“, изјави Пановски.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















