Верувале или не, постои смртоносна доза на кафе – еве што велат научниците

389

Денот без кафе за многумина е незамислив. Но, дали сте знаеле дека премногу кафе може буквално да ве убие? Тоа го објасниле и научници чија работа е проследена на каналот “ASAPScience”.

Тие во едно видео ги анализирале интересните, но често и опасните влијанија на кофеинот врз човековиот мозок.

“Смртоносната доза на кофеин постои и изнесува отприлика 150 милиграми кофеин по килограм телесна тежина”, вели основачот на каналот Мичел Мофит.

“Со тоа, доколку имате 70 килограми, 70 шолји кафе би можеле да бидат фатални за вас”, објаснил Мофит.

Иако бројот на шолјите кафе може да варира во зависност од видот на кафето кое го пиете, но и начинот на кој го припремате, станува збор за количина која би било тешко да ја испиете.

“Физички не би можеле да внесете толку течности во својот стомак. Исто така, би почнале манично да се однесувате или халуцинирате”, порачал основачот.