Вангел Божиновски: Вирус е, не е вирус, треба 7 дена, не, 14 дена – треба маска и ракавици, не треба

696

Архитектот Вангел Божиновски во свој статус на социјалните мрежи, меѓудругото пишува: „Прв пик на драфтот и пуј пике на важи. Се јавувам од една невозможна земја.Известување број 14062020. Пронајдов необичен документ кој го испраќам за декодирање.Прилега на анкетен лист сочинет од некоја НВО но не можам да сум сигурен,прилега на скица за излез од невозможна ситуација сочинета од советничка комисија но и тоа е неизвесно,недостасуваат зборови,недостасува интерпункција но и тоа не може фда се каже зашто интерпункцијата што постои во документот прилега на тајно писмо.Сеедно ја пренесувам во целост.

Драфт. Вирус е…не е вирус…од Бога е..не е од Бога…бактерија е …не е бактерија…треба 7 дена..треба 14 дена…треба 28 дена…треба карантин…не треба карантин…треба маска и ракавици…не треба ракавици треба само маска…се множи на ладно…исчезнува на топло….се задржува многу на атмосферски услови…не се задржува многу на атмосферски услови…страдаат возрасните…..страдаат и тие што не се возрасни…страдаат сите само тоа сеуште не смее да се знае (препорака од горе)…

Потребни се инхалатори…инхалаторите ја влошуваат состојбата…алгоритамот е познат..алгоритамот има многу непознати….треба карантин и казни…нечини народот…не треба карантин треба поголеми казни…уште повеќе нечини народот но власта е добра само таа не ја шири заразата… треба избори …не треба избори…фер и демократски…наместени демократски….власт и опозиција…ни власт ни опозиција…антиквизАцијата е назадување…албанизАцијата е напредок…

Излези гласај…бојкотирај не вјасај…и да нема избори Бејли ке му честита на црпко…торбата е кај Луј Витон…торбата е во гаражата на владата … СЈО беше спас за правниот систем…СЈО беше измислица за поголем хаос и процут на подземјето..во подземјето на Диво Насеље се инфилтрираа терористи за дестабилизација на Македонија…преку подземјето на Диво Насеље делуваа херои кои заслужуваат вечна слава…авионот падна сам кај Мостар…авионот беше организирано ур нат….

Киро преживеа но сакаа да го лик види раат бугарите…сакаа да го лик види раат србите…сакаше всушност министерот фрч…фрчи голема дупка во буџетот…буџетот има помала дупка…буџетот е одличен…има 13 %…не, има 16,7 %…не, има 20% и треба да има двојазичност…не, има 50% и мора да има прецедник како Бранко…не, како Стево…не, како Ѓорге…како е со пругата за Бугарија започната 1992 (?)…

Уште колку километри патишта па да е доста со прес-конференциите на портпаролите…премиерот е харизматичен…премиерот е криминалец…премиерот е секогаш на почетокот харизматичен а на крај криминалец (навика,навика)…на крајот на денот…или…на крајот на ноќта…да гледаме кон иднината…да не гледаме кон минатото…има Македонија…нема Македонија…Македонија е грчка…Македонија е бугарска…Македонија е србска…и има уште…Македонија е албанска…другите чекаат да бидат внесени во драфтот…трајно помирување..нетрајно помирување…недовршен мир…имаше во јна…имаше конфликт…

Ја извојувавме вој ната 2001 (бели знамиња над Арачиново)… македонските “челници“ сватија дека не виделе дека сме ја изгубиле…ор ужје то беше предадено…ор ужјет о воопшто не беше предадено…стратешкиот партнер ни направи охридска рамка за соживот..има исчезнати македонци но поради презафатеност Републичкиот завод за заштита на културното наследство сеуште не може да ги пронајде коските поради презафатеност…“постигнавме соживот“…потоа по 20 години секоја нова власт повторно “ постигнува соживот“…

Примивме и спасивме 300 000 бегалци кои никој не ги примаше…или примивме ис лам ски ек стре мис ти кои предизвикаа воени злосторства како благодарност за гостопримството…сега примаме по нарачка…албанците се онеправдани…можат ли да бидат оправдани ?!…на грците сме им ја украле античката историја !!!…а,никој не нашол траг ни глас од грци во антиката…словени сме биле со потекло од комарците зад Карпатите…

Никој до сега не нашол археолошки остаток од словени иако имаме Институт за старите словени повеќе од 70 години…има неизбројани статуи посветени на Александар Македонски по цел свет и никој не ги урива….има и во Скопје но има партиска врхушка со ниет за уривање на Македонецот кој ја основоположи културата на мирот како дефиниција за цивилизација наместо дефиницијата за пустошење со војни како “брз цивилизациски растеж“…Македонија и Македонците ги измисли Тито….

Македонија и Македонците не можат да бидат избришани од светското културно наследство и покрај сите организирани проекти на западно европските квак –академици кои траат 200 години….договорот со јужниот и источниот сосед е договор за трајно помирување преку чистење на вистината од македонскиот образовен систем….договорот со јужниот и источниот сосед е сам оуб иство на вистината за Македонскиот народ преку психолошко на си лство над чистите образи кои надоаѓаат од иднината на Македонскиот народ и со потпис на квак експерти од секојдневната баналност на Македонија….

Актуелната “северна “власт во Македонија прави се за напредна држава и задоволни граѓани…актуелната северџанска власт не е свесна ни за дефиницијата на поимот власт во Македонија и власт за Македонија и нејзините граѓани…избори ќе има наскоро….избори ќе нема наскоро….има ли каква и да е понуда… Обрнете внимание!

Во драфтот нема имиња на политички партии затоа што се очекува да си го променат името.Но за тоа сеуште не е дозволено да се зборува. Неизвесноста расте како лоша навика и…

….КОЈ Е ВАШИОТ ПРВ ПИК НА ДРАФТОТ ? Трета планета,Сончев систем,Кумова Слама,Локална Група.12 ооооооооо Светлосни Години по Големиот Почеток….крај на извештајот.“