Вака изгледа убиствениот домаќински танц на фолк ѕвездата Ирена Вељовска (ВИДЕО)

664

Деновите минуваат, пандемијата трае, коронвирусот никако не попушта… Ем невидлив, ем жилав противник или поточно непријател. Ама жилав тој, жилави и ние… Или поточно тие…

Имено, како и многу други нешта што принудно мируваат, така и естрадата е ставена „во лер“. Нема снимања, нема, ТВ и радио гостувања, нема настапи, тезги, свадби… Па така „паркирани“ по дома, пејач(к)ите мораат некако да ја одржуваат формата, воедно барајќи си занимација и за себе и за својата публика, а во исто време и да се борат со епидемијата.

Покрај изолацијата, како што е познато, главно оружје во борбата против коронавирусот е хигиената. Личната пред се’, но и хигиената на животната околина, во случајов домашниот простор за живеење.

Тоа бргу го сфатила македонската фолк пејачка Ирена Вељовска, па ги засукала ракавите и тргнала да се фати самата во костец со короната. Или подобро кажано, уште во старт да ги елеминира сите можни предуслови за не дај Боже, нејзина случајна појава. И за да не биде само „очајна домаќинка“ која по цел ден дреме дома не знајќи што со себе, Ирена нашла начин како да биде „супердомаќинка од карантинот“, во борба со невидливиот напријател.

Соодветно облечена како Брус Ли  „У змајевом гнезду“, опремена со убиствени средства за дезинфекција како Лара Крофт у „Томбрајдер“ и со стратегија како Тито на „Неретва“,  фолкерката тргна да ги „вкрсти ракавиците“ во борба со замислениот противник.

Убиствениот домаќински танц на фолк ѕвездата со филско сценарио по дома, можеше да почне… А од каде, ако не најдобро од пред огледалото.

Две – три репетирања на прскалката со антибактериско средство за чистење површини, едно – две шприцања како во завршна сцена од „филмови за возрасни“, неколку замавнувања високо во воздух со крпата, како коловоѓа на свадба и…  Поздравете го и погледнете го тизерот за „corona killer“ шоуто на Ирена Вељовска.

Патем, обрнете внимание на последната сцена од убистевениот, еротски танц на фолк ѕвездата…

Нејзиното филмско спуштање на телото од горе – надолу…  Како молам? Како мислите, од кои филмови?

Фото: Метомакс/Инстаграм принтскрин