Урнебесна данска реклама која ја подигнува свеста за безбедноста на велосипедистите

129

Од изговор дека ја расипуваат фризурата до тоа дека воопшто не изгледаат убаво, постојат милион причини зошто луѓето не сакаат да носат кациги кога уживаат на своите велосипеди.

Меѓутоа, постои една многу важна причина поради која е потребно да се носи заштита на главата во текот на возењето велосипед, а тоа е фактот дека таа може да претставува разлика помеѓу животот и смртта.

Данскиот отсек за безбедност на патиштата соработувал со креативна маркетиншка компанија од Копенхаген, „&Co“, со цел да испратат многу сериозна порака преку урнебесна реклама.

Видеото се осврнува на данските викинзи за да раскаже приказна за тврдоглавиот поглавар Свенд. Тој одбива да го стави борбениот шлем на глава пред заедно со неговите луѓе да тргне во освојување на Англија, но на крајот на интересен начин го убедуваат да ја стави.

За да не ја расипеме нејзината уникатна приказна, во продолжение погледнете ја рекламата наменета за велосипедистите во Данска: