Украден паричник на покојник во ковид-центар, семејството ужаснато!

71

На фејсбук профилиот Оливера С.Оле, е објавен пост кој открива друг загрижувачки агол во оваа ковид криза, којашто освен на многумина им ги одзеде најмилите, прикажува случај на срамен грабеж на покојните во ковид-центрите.

Фејсбук објавата ви ја пренесуваме во целост:

Ние тукушто го погребавме татко ми и го испративме во неговиот вечен дом. Скршени сме од болка… Не можам да се помирам со фактот дека на човек кој на мравка не згазнал цел живот, кој на сите им излегол во пресрет за се во животот, биде ограбен на мртво во одделот кај што беше сместен во ковид центарот на клиника, каде освен вработени со скафандери и каде што само персоналот смее да се движи, му се буквално од џеб украдени новчаник со парични средства и платежни картички со се лицчни документи негови и на мојата мајка за кој беше тој ополномпштен. Се прашувам колку треба да бидеш болен во умот за да посегнеш да крадеш од човек кој веќе не е меѓу живите, се прашувам исто така како тој истиот болен ум спие ноќе…

Господине Венко Филипче, дали вие знаете и имате сознанија какви луге вие вработувате да се грижат за здравјето на пациентите, дали знаете колку боли да отидете да си ги подигнете работите од покојниот и ви дадат само мобилен телефон и ви кажат дека други вредни работи немало?!?! Кои се тие да кажат што е вредно а што не е вредно од она што последно останало од татко ми, дали знаете колку се тие бесценети за нас?!? Како имаат смелост и која е таа дрскост да му се каже на членот од семејството на покојникот да оди да се расправа со војската надвор пред ковид центарот за пропуст и грешка за кој се тие виновни???

Торбите беа тука ама сега ги снема… Мојот татко новчаникот си го чуваше во џеб, и него го снемало… Дали е тоа одговор што треба да го добиеме, дали наместо да се соочиме со болката и загубата ние сме преориентирани кон тоа да даваме изјави и пријавуваме во полиција???!?

Највеќе ми е криво што јас лично сум се залагала и сум постирала по разни страни за било каква помош и донации за персоналот во ковид центрите и истиот тој персонал буквално го ограбил татко ми, кој што цел живот чесно и совесно живеел и на истиот начин и нас не учел…

Немам зборови со кои што можам да го изразам својот бес и лутина…

Ова нема да го оставиме така, ќе го тераме ова до крај, не за друго, не за парите украдени, новчаникот дури и документите (ќе извадиме нови), туку само од причина што ниту еден човек не заслужува да му се случи вакво нешто, особено на некој кој во животот не посегнал по туѓо и нешто што не е негово…

Секоја чест на исклучоци и од мајка родени здравствени работници, меѓутоа ова остава црна дамка на сите здравствени работници и генерално на Министерството за здравство.

Бараме работава да се истера до крај и да се дознае кој е виновен, сето тоа во чест на татко ми и како не би му се случило на некој друг…