Ученици протестираа пред средно медицинско, бараат дополнителна паралелка и упис без приемен

59

Стотици ученици и родители протестираа пред средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ против одлуката на управата да се одржи приемен испит за насоката медицинска сестра. Училиштето има предвидено 102 места, додека конкурираа 164 ученици со просек 5.00. Родителите и учениците бараат отворање на паралелки на албански јазик.

„Доколку е потребно, нека отворат паралелки, а не во време на пандемија да нè тестираат без никаква совест, дека може да се заразиме“.

„Зошто Македонците не полагаат тест и се примаат. Ние сме еднакви како Македонците.“

„Првин, нè информираа само два дена пред тестот да учиме затоа што ќе бидеме тестирани. Ние по првото полугодит држиме онлајн настава со многу потешкотии. Добивме таква вест дека ќе имаме примен тест. Книгите се земени од нашето основно училиште и воопшто немаме материјал, освен белешките во тетратката. Бидејќи другата страна не полагаат премиен тест и ние имаме еднакви права“, рекоа учениците.

Училишните власти не сакаа да разговараат со медиумите, но исто така и со револтираните родители кои бараат дополнителни паралелки. Молк исто така и во Министерство, иако претставник на овој ресор дојде во училиштето да ги убеди учениците да го полагаат тестот.

„Не ни даваат никакви податоци. Тие само се приближуваат до училишната врата и заминуваат. Само креват рака влези внатре, влези внатре на приемен испит“

„Три беа, за тие тројца се чинеше дека беа партиски луѓе. Тие ги зедоа своите деца за рака и ги однесоа внатре за да го полагаат приемениот испит “.

„Им се заблагодаруваме на директорката што ни ја донесе полицијата овде со 15 – годишни деца каде нема никакви проблеми овде и нема инциденти. Тука ги бараме правата за нашите деца“, рекоа родителите.

Сличен проблем со голем број на ученици заинтересирани за упис имаше и гимназијата „Орце Николов“. Но, пред неколку дена, од управата на училиштето информираа дека тие го надминале тоа со барање за отворање на паралелка.