Министерството за економија го донесе правилникот за поединечно одобрување на возилата па сега бирото за меторологија и царинската управа може слободно да почнат со регистрација на возилата со странски регистарски таблички – рече Министерот за економија Крешник Бектеши.
Единствен проблем што се уште не можеше да се пререгистрираат возилата со странски таблици, кои се возат низ државава, беше донесувањето на правилникот за поединечно одобрување на возила.