Уапсени четири лица за грабежот на пет милиони евра на аеродромот во Тирана

112

Албанската полиција соопшти дека уапсила четворица осомничени за грабежот на пет милиони евра на меѓународниот аеродром во Тирана.

 Во соопштението се наведува дека три лица биле уапсени во Елбасан, додека четвртиот осомничен е пронајден во Кроја.

Претходно овој месец сторителите ги украле парите кога биле натоварени во авионот на австриска авиокомпанија, објави „Танјуг“. Еден од ограбувачите беше убиен во престрелка со огнено оружје со полицијата, а парите сè уште не се пронајдени.

loading...