„Тутоспорт“: Алисоки се сели во Наполи кај Елмас

68

Името на Езџан Алиоски се поврзува со трансфер во Галатасарај, но и Наполи ќе достави понуда до Лидс Јунајтед за неговите услуги, пишува „Тутоспорт“.

Македонскиот дефанзивец нема да ја продолжи соработката со премиерлигашот, кој веќе бара алтернатива за него. По четири години во Англија, 29-годишникот ќе менува играчка средина, а според италијанскиот медиум, тој би можел да заврши како соиграч на Ељиф Елмас во Неапол.

Според последните податоци, нашиот репрезентативец е проценет на десет милиони евра, но во овој случај левиот бек е слободен фудбалер и може да ја промени средината без обештетување.

Кариерата на Алиоски во младата екипа на Јанг Бојс, потоа играше за Шафхаузен, а најдобрите денови ги имаше играјќи во Лугано.