На турската актерска сцена најплатени се оние кои креваат најмногу прашина во таблоидите! Но, што се случува кога скандалите стануваат поголеми од талентот? Секогаш има исклучоци од кои хонорарот им е фиксен независно од приватниот живот, па така и меѓу турските актери.
Сепак, откога на Балканот заживеаја турските серии, актерите од петини жили се трудат доволно да ги интригираат медиумите за случувањата од својот приватен живот, а со тоа да добијат повисок хонорар.
Нергул Јесличај е толку популарна што бара да биде исплатена неколку епизоди однапред. Хонорарот изнесува меѓу 20 и 25 илјади евра по епизода. Кога во 2010 година се разведе од Џем Озер, се дозна дека преживуваше пекол во бракот што секако и ја донесе сегашната слава.
Мерием Узерли и Халит Ергенч, си обезбедија одлична плата. Халит на почетокот беше познат како Сулејман Вечиленствениот, а кога се ожени со колешката од „1001 ноќ“ , Бергузар Корел, цената му скокна на 20 илјади евра. Неговата колешка Мерием Узерли на почетокот добивала хонорар од 4 илјади евра по епизода, а поради гласините дека бракот на Халит се распаѓа поради неа, се покачи на осум, па на 15 илјади евра.
Убавата Џансу Дере е една од ретките чие појавување во серија и гарантира скок на популарноста. По серијата „Езел“, Џансу имаше прилика своето гостување во „Сулејман величенствениот“ да го наплати по 15 илјади евра од епизода, што е сума која ја заработува главната актерка во сеијата, што дополнително и го подигна рејтингот на Џансу.
И на крајот, Еркан Петекаја и Ајча Бингол, се доказ дека славата и богатството се постигнуваат и без скандали. Двајцата фантастично ги одиграа своите улоги во серијата „Кога лисјата паѓаат“ каде добиваа хонорар од 19 илјади евра по епизода. Но потоа и еркан влезе во скандал со колешката Нурјул Јесличај за време на снимањето на серијата „Парампарче“, по што јасно е дека паричникот му се здебелил.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)















