Триатлонска ѕвезда преживеала хорор: Психопат ја киднапирал, па сакал во када да ја удави!?

251

Познатата австриска триатлонка Натали Бирли пред три дена преживеала вистински хорор како на филм, откако психички болен маж ја киднапирал и сакал да ја убие, објави „ОЕ24“.

Бирли околу 16.30 часот со својот велосипед излегла од дома во Кумберг во покраината Стирија и планирала да одработи тренинг, но на неа непознат човек со автомобил влетал и ја удрил. По „сообраќајката“, која била со умисла, психопатот ја претепал, ја врзал и ја киднапирал. Ја однел дома, а таму се обидел да ја удави во када.

„Триатлон-ѕвездата во вторникот доживеа невидено мачење. Вакво сценарио нема ни на најстрашните хорор филмови. Ова е вистински хорор и тоа во живо, што го доживеа Бирли (27). Возачот намерно ја удрил додека возела точак, па ја претепал, ја кирнапирал и на крај трнал да ја убие“, пишува австрискиот портал.

Неколкукратната шампионка на Австрија неодамна добила ќерка, а сега се обидувала да се врати во форма, пред да се случи инцидентот. Таа има скршена рака, напаѓачот ѝ се заканувал со нож, но таа успеала некако да го наговори да ја пушти. И ни самата не е свесна, како успеала, а психопатот на крај со автомобилот ја вратил дома.

„Ме тераше со сила да пијам алкохол, ми се закануваше дека ќе ме удави во када“, било дел од сведоштвото на триатлонката, откако пријавила во полиција, а со помош на својот навигациски уред на велосипедот го лоцирала напаѓачот, кого полицијата потоа го уапсила.