Три добри причини зошто е здраво да се јаде сладолед

932

Доколку го консумираме сладоледот во умерени количини, без грижа ќе можеме да уживаме во ова слатко задоволство. Освен тоа што освежува и има преубав вкус, сладоледот носи и некои погодности за нашето здравје.

1. Сладоледот е богат со калциум


На возрасните луѓе им е потребно околу 1.000 милиграми калциум дневно, додека пак трудниците и децата имаат поголема потреба од овој минерал. Благодарение на млекото кое е основна и најважна состојка, сладоледот добро ќе ви послужи како еден од изворите на калциум, но и на витамините А и Б.

2. Сладоледот помага во одржувањето на телесната тежина


Некои истражувања тврдат дека калциумот условно ја смалува калориската вредност на сладоледот, која изнесува од 125 до 300 калории на 100 грама. Тоа никако не значи дека со редовно јадење сладолед вие ќе ослабете, туку дека тој претставува „помал грев“ во однос на останатите десерти.

3. Сладоледот содржи витамини и актиоксиданси


Со јадењето овошен сладолед кој се прави од смрзнато или свежо овошје ги внесувате неоппходните витамини во вашето тело, а оние со вкус на кафе или чоколадо го осигуруваат внесувањето на антиоксидансот полифенол, кој го штити срцето и крвните садови и го зајакнува имунолошкиот систем.