Скопје навечер се гуши во смог. Магливото и облачно време деновиве предизвикува воздухот во вечерните и ноќните часови да биде загаден двојно над дозволените гранични параметри.
Скопјани, особено оние во населбите каде што нема парно греење, се жалат дека навечер воздухот мириса на изгорено дрво и не може да се дише, поради што избегнуваат да излегуваат надвор.
Тоа го покажуваат и мерните станици низ градот. На светската топ-листа на AQI каде што во живо се даваат вредностите на најзагадените градови, речиси секоја вечер Скопје се наоѓа во првите десет или 15 градови со загаден воздух и е рамо до рамо со Приштина, Белград, Сараево…
Но, состојбата е сосема поинаква преку ден. Во изминативе два дена Скопје на ранг листата на AQI е над 90-тото место и со загадување од 35 (во неделата), односно 5 микрограми на кубен метар (денеска), беше ставен во зелената зона на градови.
Извесно е дека греењето на дрва е главен причинител на енормната загаденост. Според истражувањата, 45 отсто од домаќинствата во Скопје се греат на огревно дрво, што покажува дека поголемиот дел од граѓаните користат дрва за огрев, а познато е дека греењето најмногу придонесува за загадување на воздухот.
Исто така, загадувањето не доаѓа само од греењето на дрва. Голем придонес во загадувањето на воздухот има и палењето на пластика, лакирани материјали, јоргани, облека и друго ѓубре. Затоа надлежните спроведуваат инспекциски контроли кои треба да спречат користење на овие материјали за греење.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















